Во соработка со ХОТАМ и Стопанската комора на регионот Венето, Италија, Стопанската комора на Македонија денес организира билатерални бизнис средби на македонски и италијански компании.
На форумот ќе учествуваат стопанственици од областа на угостителството и производството на мебел, внатрешно уредување и опрема за професионални кујни.
Бизнисмените од Италија се во посета на Македонија со цел воспоставување деловни контакти. Тие ќе се запознаат со можностите за инвестирање во земјава, како и со потенцијалите за водење бизнис во неколку стопански комори.