Преставници на дваесеттина турски компании, членови на Балканската асоцијација на индустријалци и бизнисмени од Румели (BALKANSİAD), Турција, на 15 април доаѓаат во посета на Македонија, со цел е да воспостават деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности.
По тој повод Стопанската комора на Македонија организира Македонско-турски бизнис-форум, каде ќе се воспостават билатерални деловни средби со македонски компании, кои би се јавиле како нивни потенцијални деловни партнери.
По завршување на официјалниот дел на Бизнис-форумот, планирани се билатерални разговори меѓу компаниите од повеќе стопански сектори: градежништво и градежни материјали, текстил, автомобилска индустрија, електрика и електроника, прехрана и кетеринг, туризам, индустриски машини и опрема, трговија и друго.
Македонско-турскиот бизнис-форум и деловните средби ќе се одржат на 15 април 2013 година (понеделник), со почеток во 11.30 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 и 1 на V кат.
Сите што сакаат да остварат деловни средби со турските компании своето присуство треба да го најават до 10 април.