Макпетрол со известување до имателите на обични акции

Се известуваат сите иматели на обични акции дека, Друштвото согласно
Одлуката број 0201-37/2-4 од 28.5.2024 година, донесена на XXVIII-тото годишно
Собрание на акционери, ќе врши исплата на дивиденда во пари, во бруто-износ од
3.700 денари по акција, со датум на пресек на акционерската книга 18.6.2024 година.
Се известуваат акционерите кои немаат доставено податоци за трансакциската
сметка, а заради исплата на дивиденда, да ги достават податоците до Макпетрол АД – Скопје

Се повикуваат акционерите – физички лица да ги ажурираат своите податоци,
вклучувајќи ја и адресата на живеалиштето, во Централниот Депозитар за Хартии од
вредност. Истата ќе се користи за уредна достава на пресметката на данокот на
доход, на кој подлежи исплатата по основ на дивиденда.
Дополнително акционерите – физички лица, кои не се запишани во
евиденцијата на УЈП како даночни обврзници, да преземат соодветни мерки за нивно
запишување согласно процедурите на УЈП.