Макпетрол: Цената на природниот гас за месец октомври ќе се намали за околу 200 евра за 1000 нормални метри кубни

31

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец октомври ќе се намали за околу 200 евра за 1000 нормални метри кубни, во однос на цената за месец септември оваа година.

Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цена на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), се намалува за 20 денари за килограм, односно ќе изнесува 184 денари за килограм.