Макпрогрес на најголемиот меѓународен саем за слатки ИСМ 2013

56

ISM-2013-CologneВо Келн, Германија, од 27 до 30 јануари и оваа година ќе се одржи најголемиот меѓународен саем за слатки и бисквити, ИСМ 2013. Меѓу бројните изложувачи, по девети пат ќе се претстави и македонската кондиторска компанија Макпрогрес. Производите на Макпрогрес ќе бидат изложени во хала 5.2 М029.

На саемот ќе има околу 1.400 добавувачи, скоро 650 од нив ќе презентираат производи од чоколадо и какао. Покрај пралините и класичните чоколади, ќе има и други чоколадни производи како празни фигури, полнети чоколади, чоколади со лешници и други јаткасти плодови.

Секоја година на ИСМ саемот се изведуваат демонстрации во живо на кои посетителите можат да видат како се прави дизајнот на овие вкусни чоколади и пралини под мототото “ИСМ Чоколаден Господар – Уметноста на слаткото искушение”.