Макрон бара предност за европските производители на автомобили во однос на кинеските

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, е за тоа да им се даде предност на европските производители на автомобили во однос на конкуренцијата од Кина, објави вчера Елисејската палата пред отворањето на Саемот за автомобили во Париз.

„Кинескиот предизвик е реален, со околу 55 милиони произведени возила достапни за извоз во Кина, додека европскиот пазар има околу 12 милиони возила“, соопшти Елисејската палата.

Кина во петокот се согласи значително да го ограничи извозот на хибридни автомобили во Европската Унија, што би можело да спречи милиони вакви возила да влезат на европскиот пазар во наредните години, според француската телевизија.

Се очекува мерката да се спроведе преку квоти, откако ЕУ веќе воведе дополнителни царини за увоз на кинески електрични возила.

Елисејската палата вели дека електрификацијата го поттикнува закрепнувањето на францускиот пазар и производството на автомобили.

Уделот на електричните возила на францускиот пазар се зголеми од еден процент во 2017 година на 40 проценти во септември оваа година, додека возилата произведени во Франција сега сочинуваат 26 проценти од новите регистрации.