Макрон за скандалот со Uber: Бев само загрижен за работните места

86

По откривањето на контроверзната врска меѓу Uber и тогашниот француски министер за економија Емануел Макрон во 2014-2016 година, Макрон одговори  дека ја направил вистинската работа со отворање нови работни места.

Макрон ги призна тајните состаноци во вторникот:

„Како министер (за економија) само си ја вршев работата. Но, сега се добива впечаток дека нешто не е во ред доколку министерот се сретне со директор на странска компанија. (…) Горд сум што отворив нови работни места во Франција на овој начин“.

Преку странските инвестиции, Макрон во последните години и во улога на претседател на земјата, навистина значително ја намали невработеноста, која е еден од најголемите проблеми на Франција веќе една деценија. Во владиниот табор сега посочуваат дека Макрон е против монополот, а во случајот со Убер бил против монополот на таксистите.