Металуршката компанија Макстил донесе предлог одлука за избор на членови на Одборот на директори.
“За членови на Одборот на директори на Макстил се избрани следните лица: Иван Бановски, Република Македонија; Димитар Цветковски, Република Македонија; Петар Јанески, Република Македонија; Татјана Шишковска, Република Македонија; Пиетро Москети, Република Италија, Стефано Грамиња, Република Италија; Алесандро Казале, Република Швајцарија и Кристиан Карстенс, Јужноафриканска Република“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.
Мандатот на избраните членови на Одборот на директори е четири години од денот на нивниот избор.