Макстил ги заврши обврските што произлегуваат од еколошката дозвола

66

makstil

Компанијата Макстил ги заврши сите активности кои произлегуваат од еколошката дозвола добиена од Министерството за животна средина и просторно планирање, пишува Миа.

Од компанијата информираат дека се завршени останатите четири обврски од оперативниот план, односно инсталирање на постројка за при­фа­ќа­ње на се­кун­дар­ни­те еми­сии од еле­ктро­лач­на­та печ­ка, ка­зан­ска­та печ­ка и си­сте­мот за до­да­то­ци, спро­ве­ду­ва­ње кон­ти­ну­и­ран мо­ни­то­ринг на си­те еми­си­ски точ­ки, из­град­ба на складиште за фил­тер­ска пра­ши­на и на­о­ѓа­ње ре­ше­ние за неј­зи­но ре­цик­ли­ра­ње и скла­ди­ра­ње на тро­ска­та и технич­ко ре­ше­ние за неј­зи­но ре­цик­ли­ра­ње.

“Во ду­хот на пре­зе­ме­на­та об­вр­ска за кон­ти­ну­и­ра­но на­вре­ме­но из­ве­сту­ва­ње на јав­но­ста, са­ка­ме да ин­фор­ми­ра­ме де­ка Мак­стил ги за­о­кру­жи си­те актив­но­сти од опе­ра­тив­ни­от план, со на­по­ме­на де­ка мер­на­та ста­ни­ца за ам­би­ен­та­лен воз­дух е на­ба­ве­на, но сѐ уште не е по­ста­ве­на по­ра­ди ад­ми­ни­стра­тив­ни проб­ле­ми“, велат од Макстил.

Вред­но­ста на це­ло­куп­ни­от план на актив­но­сти за прис­по­со­бу­ва­ње кон за­кон­ски­те одред­би из­не­су­ва 22 милиони евра, од кои за четирите последни ин­ве­сти­ции се одвоени 12 ми­ли­о­ни евра.

“Бит­но е да се наг­ла­си де­ка  овој си­стем прет­ста­ву­ва иск­лу­чи­тел­но важ­но и тех­нич­ки комп­лекс­но ре­ше­ние и не ста­ну­ва збор са­мо за по­ста­ву­ва­ње ’обич­ни фил­три’ на оџа­ци­те во Че­ли­чар­ни­ца­та, ка­ко што од­вре­ме – навреме се шпе­ку­ли­ра­ше во јав­но­ста“, истакнуваат од компанијата додавајќи дека но­си­тел на про­е­ктот била ита­ли­јан­ска­та фир­ма СТГ (Те­ко­а­ер).