Макстил оствари добивка од 1,7 милиони денари за шест месеци

8

makstil1

Технолошката компанија Макстил во период од 01.01. до 30.06. оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 1.718.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех.

Во првото полугодие од минатата година, Макстил прикажа добивка од 993.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото полугодие од 2015 се на ниво од 1.769.669.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 425.623.000 денари, додека поголемиот дел од 1.344.046.000 денари се реализирани на странски пазари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата, во истиот период лани, се во висина од 2.086.564.000 денари.