Мал водич за справување со кризата

27

crveno-svetlo-pixabay

Фото: Pixabay

Кризата може да се појави во многу различни форми. Понекогаш тоа што изгледа како криза излегува дека бил само проблем кој бара добар менаџмент. И обратно, проблемот може да прерасне во криза особено во ова време кога сите сме поврзани онлајн во секој момент од денот. Затоа:

Прифатете дека постои криза и добро разгледајте ги причините за нејзиното настапување.

Не одговарајте на негативни коментари на лош и несоодветен начин, тоа нема да ви помогне да излезете од кризата.

Наместо сарказам и во најлошите ситуации обидете се да користите хумор или едноставно смирен тон кој ќе ви помогне да ја одржите рамнотежата и контролата на новонастанатата ситуацијата.

Негативните коментари нема да изостанат, затоа не се обидувајте да ги елиминирате, едноставно не им обрнувајте внимание.

Онаму каде што е потребно дадете до знаење за моменталната состојба на компанијата, но никако на официјалната страна на компанијата.

Доколку клиентите почнат да за жалат, бидете спремни да одговорите со потребната готовност и смелост.

Секогаш имајте луѓе кои ќе бидат подготвени по потреба да одговорат и за време на викендите.

Не лансирајте кампања пред викенд или празник ако не сте во можност да одговорите на истата.

Оние кои ги земаат нештата во свои раце имаат моќ, затоа ‘повлечете ги конците’.

Поврзете се колку можете побрзо со заедницата.

Блоговите и другите социјални медиуми не се безначајни, затоа во ниеден момент не се однесувајте кон нив како такви.