Малдивите на работ на банкрот, најмногу ѝ должат на Кина

99

Малдивите се соочуваат со големи финансиски предизвици. Агенцијата за кредитен рејтинг Фич предупреди дека островската држава е во опасност да не може да го отплати надворешниот долг.
Како резултат на тоа, долгорочниот кредитен рејтинг на Малдивите веќе е намален за еден степен на CCC, туркајќи го уште подлабоко во зоната за инвестирање со висок ризик.

Фич објасни дека ризиците со кои се соочуваат Малдивите произлегуваат од намалувањето на нивните девизни резерви. Тие во мај паднаа на само 492 милиони американски долари, додека само за годинава се очекуваат 409 милиони долари за сервисирање на долгот.

Ова ќе ја стави земјата, позната по своите престижни одморалишта и познатите патници, под сериозен притисок, објави оваа недела француската новинска агенција АФП.

На чело на Малдивите од минатата година е Мохамед Муицу, кој ја префрли земјата од традиционалниот сојузник на Индија во Кина. Во април, неговата партија извојува убедлива победа на парламентарните избори, откако вети дека ќе изгради илјадници домови, ќе добие повеќе земјиште за урбан развој и ќе ги надгради аеродромите, сето тоа со помош на кинески средства.

„Фич“ предвидува дека Малдивите ќе продолжат да се потпираат на овој вид финансиска поддршка.

Официјалните податоци покажуваат дека надворешниот долг на Младиве лани изнесувал 4,04 милијарди долари, што претставува 118 отсто од нивниот бруто домашен производ. За една година порасна за 250 милиони долари.

Заклучно со јуни минатата година, 25,2 отсто од надворешниот долг на Малдивите е во рацете на Експорт-импорт банка на Кина. Оваа банка е најголемиот индивидуален доверител на островската држава.