Малезиски стопанственици годинава ќе ја посетат Македонија

20

photo-malezijaВо Куала Лумпур, Малезија денес се одржува 20-от глобален самит за слободни економски зони. На самитот Македонија ја претставуваат Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Висар Фида и промотерот на Македонија во Малезија, Тони Атанасовски.

Во рамките на самитот директорот на агенцијата оствари средби со претседателот и потпретседателот на Малезиската стопанска комора, каде беше договорено делегација на малезиски стопанственици годинава да ја посетат Македонија со цел запознавање на условите за инвестирање и соработка со македонските компании.

Директорот на Агенцијата и промотерот на Македонија во Малезија остварија средби со владини претставници од земјата и неколку угледни малезиски компании од областа на електрониката, инфраструктурата и логистика.