Мали нешта коишто многу лошо влијаат на бизнисот

27

jaze

Фото: Pexels

Понекогаш малите нешта што ги правите, а за кои не сте ни свесни, можат многу негативно да влијаат на вашиот бизнис. Затоа внимавајте што и како правите и не дозволувајте грешките да ви се случат повторно.

Лоша граматика

Печатни грешки не се дозволени. Внимавајте на правилното изразување. Лошата граматика укажува на неписменост или едноставно на незаинтересираност. Пред да го испратите вашиот мејл или писмо, прочитајте го неколку пати. Угледен претприемач не смее да си дозволи такви мали, но големи грешки.

Брза продажба

Немојте да се обидувате да го продадете вашиот производ или услуга по секоја цена и надвор од работното место. Не треба да барате нешто пред да дадете. Давајте вредност пред да ви ја дадат вам.

Лоши зборови

Не ги критикувајте бившите соработници, колеги или работата која сте ја работеле претходно. Така само ќе создадете недоверба и лоша слика за себе пред другите. Воздржете се од лошите коментари ако сакате повеќе да ве почитуваат.

Премногу ветувања

Внимавајте што ветувате. Ако ветувате многу, тоа ќе го очекуваат од вас. Не претерувајте со фалбите и ветувањата ако не можете да ги докажeте, односно исполните. Бидете реални и створете доверба кај вашите соработници и клиенти.

Недостаток на трпение

Ништо вредно не доаѓа брзо и лесно. Без разлика кои се вашите поставени цели, ќе треба да бидете максимално фокусирани, да работите напорно, и да одвоите многу време за истите да се постигнат. Престанете да ја барате тајната состојка за успех преку ноќ, таква не постои.

Невнимание

Секој ден сте преплавени со прашања на што да ги потрошите вашите пари, време, емоции, внимание… Но дали воопшто знаете зошто го правите тоа што го правите? Изберете нешто значајно што сакате да го постигнете и работете на тоа. Ќе бидете изненадени колку можете да постигнете.

Земање преголема одговорност

Имајте на ум дека не можете да се посветите на премногу работи одеднаш. Секогаш кога ќе кажете да на некој предлог, истовремено велите не на нешто друго и ризикувате бизнисот да тргне во надолна линија. Затоа прво испитајте дали обврската што сакате да ја преземете ќе ви помогне да стигнете до целта. Доколку одговорот е негативен, не ја прифаќајте одговорноста.