Мали промени во канцеларијата што водат до голема продуктивност

46

kancelarija

Фото: Pixabay

Повеќе продуктивни работници – подобар бизнис. Кога вработените се задоволни со она што им се нуди во работната средина, продуктивноста значително се зголемува, а со тоа и успехот на компанијата. Добро дизајниран простор може да придонесе за зголемување на ефикасноста за 20%.

Одберете ги вистинските бои

Докажано е дека боите имаат различен ефект врз присутните во просторијата. На пример, розовата е смирувачка боја и може ја намали продуктивноста, додека црвената поседува доза на агресија и ако се користи умерено може да придонесе за зголемена ефикасност. Портокаловата поттикнува чувство на задоволство, додека белата ја задушува индивидуалноста и задоволството.

Обезбедете доволно простор

Најновите истражувања велат дека океанскиот тип на канцеларии што денес е многу популарен во светот, всушност не ја подобрува продуктивноста. Спротивно на тоа, ако вработените имаат свој приватен простор за работа зад затворени врати се чувствуваат послободно, а со тоа нивната ефикасност е на високо ниво.

Пуштете музика

Музиката не мора да биде гласна, доволно е само добра мелодија што ќе свири тивко и ќе биде пријатна за слушање. Сепак, музиката не треба да биде ни премногу тивка. Тоа што ќе се слуша во канцеларијата треба да биде прифатливо за сите вработени. Ако некој не се согласува со изборот слободно може да ја слуша својата омилена музика на слушалки.

Одберете го вистинскиот мирис

И мирисот во просторијата може да придонесе за зголемување на продуктивноста. Различни мириси имаат различен ефект врз концентрацијата и расположението. На пример, мирисот на бор го зголемува чувството на будност, циметот го подобрува фокусот, лавандата смирува, додека ментолот го подобрува расположението.

Доволно светлина

Ако просторијата има прозорци обидете се што повеќе да влегува природна светлина. Во случај да не е така, обезбедете доволно флуоресцентни светла за да се намали заморот на вработените и да се задржи концентрацијата. Отсуството на светлина може да доведе и до депресија кај одредени луѓе, затоа е многу важно канцелариите да се доволно осветлени.

Повремени промени

Корисно е одвреме – навреме да се направи некоја мала промена во просторот. Нова боја, декорација и слично. Тоа не треба да биде нападно, туку вкусно и впечатливо. Промената ќе внесе малку свежина во канцеларијата и околниот простор и позитивно ќе влијае на вработените кои треба осум (понекогаш и повеќе) часа да поминуваат на едно место.