Малите и средните претпријатија најмногу гладни за кадар: Стапката кај фирмите до 49 вработени изнесува 3,05 %

Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од 2026 година изнесува 2.07 %, а најголем број слободни работни места, 2 346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.28 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 4.94 % има во секторот Сместување и послужување храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.15 %.

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 3.05 %.

Највисока стапка на слободни работни места во првото тримесечје од 2026 година имаат
•    Вардарскиот Регион: 2.28 %
•    Деловните субјекти со 10 до 49 вработени: 3.05 %