Малите продавачи го молат Безос да се воздржи од Black Friday

42

Малите продавачи од САД би биле најсреќни ако за време на корона-кризата, големите трговци, како Amazon, одлучат да го прескокнат овој Црн петок (Black Friday) и да им ја препуштат шансата за профит.

“Би било прекрасно ако Џеф Безос земе слободен ден и ни остави дел од колачот на нас, помалите продавачи. Мислам дека луѓето не можат да разберат колку е сега тешко за нас“, вели сопственик на бутик.

Сепак, од Amazon објаснуваат дека 1,7 милиони мали и средни компании работат за нив, што сочинува околу 60% од целата продажба на оваа платформа.

Илјадници мали бизниси веќе се затворени од почетокот на пандемијата, бидејќи за нивното опстојување не беше доволна дури ни државната помош. Од оние кои продолжуваат да работат, околу 20% не се сигурни дека ќе можат да закрепнат од ударот што им го нанесе глобалната борба против вирусот.

Фото: Pixabay