Малку поинакви совети за тоа како да напредувате во кариерата

52

skali

Фото: Pixabay

Совети за напредок во кариерата можете да најдете насекаде, а трик прашање е кои најмногу ќе ви помогнат. Поголемиот дел се насочени кон тоа да ја следите вашата страст, но дали тоа ќе ви помогне да напредувате е дискутабилно. Можете да ги поминете сите работни часови во читање постови, но ако ниту еден не примените, тогаш попусто сте си го трошеле времето.

Прочитајте и применете пет неконвенционални совети за напредок во кариерата:

1. Добро вршење на работата не е доволно

Доколку само добро ги извршувате дадените работни задачи, нема да напредувате во кариерата. За да направите голем скок кон следното ниво потребно е да донесете идна вредност на компанијата, односно нови бизнис идеи. Поголема е веројатноста дека луѓето што даваат и се во можност да реализираат нови идеи се тие што ќе добијат унапредување.

2. За кого работите е од голема важност

Сите сакаат да живеат во свет каде што помалку би било важно кого го знаете, од тоа што го знаете. Но, за жал реалноста не е таква. Познавањето на најдобрите во бизнисот често значи дека сте работеле со најдобрите, а луѓето се восхитуваат на тоа.

Ако го имате најдобриот ментор, тогаш ќе доживеете огромно лично и професионално растење. Затоа дознајте која е апсолутно најдобрата личност за која што би можеле да работите и таму аплицирајте за работа.

3. Каде работите е многу битно

Исто како што големо влијание на иднината на вашата кариера има за кого работите, големо влијание има и каде работите. Вашата судбина е под влијание на судбината на компанијата што ве вработила. Не прифаќајте работа во некоја компанија само за да ги импресионирате пријателите.

4. Не е добро да ве гледаат зафатени цело време

Иронично е, но колку позафатени делувате, толку помали ви се шансите за напредок. Најчесто вработените не добиваат унапредување затоа што земале да завршат премногу работи, работат напорно и изгледаат уморно. Сето тоа предизвикува голем стрес кај нив и тие изгледаат како дека не се подготвени за нов проект и ја пропуштаат можноста за напредок во кариерата.

5. Не ги кријте неуспесите

Неуспесите се поретко се гледаат како знак за некомпетентност во работењето на дадената личност, а се почесто како иновативни личности што се подготвени да преземаат ризици. Повеќето не го сметаат за веродостојно мислењето на луѓето што даваат само совети, а не се инволвираат во процесот. Ако покажете дека сте подготвени за ризици и јавно да го покажете неуспехот, тогаш вашиот тим ќе се чувствува сигурен во преземање на ризиците заедно со вас. Преку примери истакнете ги вашите лидерски способности.