
Според првата прелиминарна проценка, сезонски прилагодениот обем на малопродажба во Еврозоната се зголемил за 0,1 процент месечно во август, по големиот пад од 0,6 проценти во јули, објави денес Евростат.
Во Еврозоната, продажбата на храна, пијалоци и тутун во август се зголемила за 0,1 процент на месечна основа, додека продажбата на непрехранбени производи, со исклучок на горивото за автомобили, се зголемила за 0,5 проценти.
Спротивно на тоа, продажбата на автомобилско гориво во специјализирани продавници се намалила за 1,9 проценти.











