Малта вакцинираше 70% од возрасната популација со една доза вакцина против коронавирусот, што ја прави првата земја во Европската унија што постигна колективен имунитет, изјави денеска министерот за здравство, Крис Фин.
Малиот медитерански остров имал просечно по три нови случаи на вирус секој ден во текот на изминатата недела.
“Една вакцина треба се дава на секои пет секунди“, рече Фин, додавајќи дека 42% од возрасната популација примиле две дози.
Три недели не се пријавени смртни случаи поврзани со коронавирус на Малта. Просечниот број на новоинфицирани лица на ден е само три.
Од први јуни на Малта ќе биде дозволено да се оди на плажа без маска. Од први јули, луѓето со завршен циклус на вакцинација повеќе нема да треба да носат маска на отворено кога шетаат сами или со друго лице, доколку се вакцинирани.
Вакцинацијата во моментов е бесплатна за сите луѓе на Малта над 16 години. Деца на возраст од 12 години, исто така, ќе бидат вакцинирани откако европските медицински власти ќе дадат зелено светло.
Фото: Pixabay











