Малта ставена на сива листа поради перење пари

95

Надзорно тело задолжено за следење на активности со перење пари и финансирање тероризам соопшти дека Малта е ставена на лица за зголемен надзор, односно таканаречена сива листа.

Financial Action Task Force (FATF), со седиште во Париз, додава дека земјата членка на Европската унија е ставена на сивата листа заедно со Хаити, Филипини и Јужен Судан, пренесува Associated Press, којшто оценува дека е необично за земја од ЕУ да биде ставена на ваква листа, на којашто се наоѓаат и Пакистан, Зимбабве и Сирија.

Владата на Малта вели дека била и ќе остане целосно посветена на соработката со FATF и останатите меѓународни партнери за да можат препораките и проблемите да се решат во краток временски период.

Овој потег ја загрижи јавноста на Малта за можна штета по националната економија.

Фото: Pexels