
Шпанската модна компанија Mango планира да отвори 500 нови продавници до 2026 година на клучните пазари како што се САД, Канада, Франција, Италија, Обединетото Кралство и Индија и во нејзината матична земја, објави компанијата, предвидувајќи скок во продажбата оваа година.
Годинава Манго отвори 130 нови продавници и реновира уште 80, а сега има околу 2.700 продажни места на вкупно 115 маркети.
Почнувајќи од март, Mango ќе го прошири својот одбор на директори на девет члена со цел да го зајакне своето корпоративно управување, се вели во соопштението за печатот.
Исто така, Манго објави дека нејзиниот главен извршен директор Тони Руиз стана акционер откако купи пет отсто од акциите во компанијата.
Фото: Pixabay











