MANGO се повлече од Бугарија

22

mangoСветскиот шпански гигант за облека и додатоци MANGO официјално се повлече од Бугарија. Сите комерцијални објекти на ланецот во Бугарија се затворени, а причина за тоа е објавувањето на стечај на фирмата – претставник на брендот во Бугарија, Атриум Бугарија, пишува Труд.

Софискиот градски суд го испочитува барањето за прогласување на банкрот ретроактивно, од 31 декември 2008 година. Компанијата регистрира негативен финансиски резултат во периодот 2008-2012 година. Сепак, ланецот беше присутен на бугарскиот пазар до 2013 година. Оваа година ги затвори сите трговски објекти во Бургас, Варна и Софија. Фирмата имала обврски кон банките, добавувачите и наемодавците.

И грчкиот ланец за облека Spider исто така е на пат да ја напушти Бугарија. Во последните неколку месеци ги затвори продавниците во земјата, а од август работи само еден трговски објект во Софија.