Марк Цукерберг ќе влезе во политиката

43

ogromen-pad-na-bogatstvoto-na-mark-zakerberg-95365Милијардерот и сопственик на социјалната мрежа Facebook, Марк Цукерберг реши да влезе во политичките води.

Тој во фебруари ќе организира донаторска вечер за Крис Кристи, републиканскиот гувернер на Њу Џерси и потенцијален претседателски кандидат на изборите во 2016 година.

Настанот ќе се случи на 13 фебруари во домот на Цукерберг во Калифорнија, а оние што ќе сакаат да бидат дел од него ќе треба да платат 3.800 долари.

Сопственикот на најпопуларната социјална мрежа досега нема дадено политичка поддршка ниту за демократите, ниту за републиканците, освен што двапати се сретна со претседателот на САД Барак Обама, додека тој беше во посета на Силиконската долина.

Сара Фајнберг, портпаролката на Facebook, изјави дека Цукерберг се запознал со гувернерот Кристи пред две години, кога Марк донирал 100 милиони долари за училиште во градот Њуарк, во Њу Џерси.