Mark Drone – дрон што се контролира со гласовни команди

23

Фото: Kickstarter

Mark Drone е дрон што ги фокусира објектите автоматски, а слетува и полетува со гласовни команди.

Видеата што ги снима се со квалитет од 4К, додека фотографиите со 13 мегапиксели.

Исто така дронот има вградено стабилизатор за фотографирање што помога за подобро фокусирање и појака резолуција.

Mark Drone доаѓа и со програмирани опции како: панорама од 360 степени, кружно снимање, снимање во профил при движење итн.

Производот е дело на стар-ап со седиште во Хонг Конг и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 266.047 долари од потребните 31.855 долари, а кампањата трае уште 11 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во август годинава.