Маркетинг трикови за привлекување на клиенти

448

magnet-klienti-pixabay

Фото: Pixabay

Како да се привлечете што поголема бројка на клиенти е прашање што сите претприемачи си го поставуваат. Постојат неколку начини, но можеби најефикасен е добриот маркетинг.

Како доследно да ја пренесете пораката, во продолжение:

Моќен наслов

Со моќен и интересен наслов можете лесно да му го привлечете вниманието на клиентот. Може да поставите прашање за да го предизвикате купувачот да даде одговор или некоја корисна информација што читачот би го интересирала.

Фокусирање на целната група

Одредете ја вашата целна група на купувачи и зборувајте директно со нив. За таа цел треба да имате направен профил на клиентот за да можете да ги идентификувате вашите купувачи.

Добра понуда

Создадете понуда што ќе одговара со вашите потенцијални клиенти. Таа треба да биде нешто што клиентите го бараат, а не нешто што вие мислите дека ќе го сакаат.

Продавајте предности, не карактеристики

Наместо да наведувате карактеристики, истакнете ги предностите односно ефектот на тоа што го продавате, обојте ја сликата во боите што купувачот сака да ги види. Во ова време на економски предизвици безбедноста и како да се одбегне ризикот нека бидат задолжителни во рамките на производот.

Одредете рок

Создадете чувство на итност со тоа што ќе ја ограничите понудата на одреден период или ако сте во продажба на мало – сè додека има на залиха.

Креативност

Вашата маркетинг порака ќе се натпреварува со уште многу други и морате да покажете голема креативност ако сакате да се издвоите од конкуренцијата. Потрудете се креативноста да ја задоволи љубопитноста на купувачите.

Тестирајте

Не брзајте. Пред да ја започнете кампањата тестирајте различни верзии на маркетинг компоненти да видите што најдобро функционира. Прилагодете ја кампањата и стартувајте со најдобрата варијанта.

Следете и мерете

Следете ги и евиндентирајте ги резултатите на вашите маркетинг остварувања. Така ќе знаете која кампања дала најдобри разултати во однос на целната група клиенти. Кога ќе имате увид што се покажало најефикасно, ќе знаете каде да вложите време и пари во иднина.