Маркионе: Фиат и Крајслер се спојуваат следната година

55

fiat_chryslerГенералниот директор на италијанскиот произведувач на автомобили Фиат, Серџо Маркионе изјави дека неговата компанија и американски Крајслер ќе се обединат во 2014 година.

“Ние и пензискиот фонд ВЕБА, најголемиот акционер во Крајслер, имаме различни мислења за вредноста на Крајслер, но до следната година ќе го решиме тој проблем”, изјави Маркионе за италијанскиот весник Република.

Минатата година Фиат се распрашуваше за цената на преостанатите акции во американската компанија кои не се во негова сопственост. Минатото лето италијанска делегација се обиде да договори цена за 3,3% од акциите, а последните информации велат дека покрај тие 3,3%, Фиат ќе купи уште дополнителни 3,3% од уделот на ВЕБА во Крајслер.

Маркионе претходно ја постави 2015 година како краен рок за завршување на аквизицијата. Постепеното преземање на Крајслер му помага на Фиат подобро да се натпреварува на глобално ниво. Освен тоа, Фиат ја користи мрежата на дилери на Крајслер во САД за да ги продава сопствените возила и да ја намали изложеноста на лошиот европски пазар.