По неколку месеци поминати со своите 200 тестери во приватната бета верзија, тимот на MarkO денеска ја објавија својата прва јавна бета верзија. Оваа нова верзија на MarkO е резултат на feedback-от добиен од страна на досегашните корисници и тестери и се состои од нови функционалности на апликацијата, елиминација на грешките и баговите и секако подобрување на корисничкото искуство.
Новата бета верзија вклучува:
– Полесен процес на најавување – Сега корисниците на MarkO ќе имаат неколку можности за најавување во апликацијата, како и можност за креирање на задачи без најава, сè до моментот кога корисниците ќе сакаат да ја споделат истата. MarkO сега ќе ви овозможува најава со вашиот MarkO профил, најава со вашиот Facebook профил, како и можност за креирање на MarkO прифил доколку сè уште немате.
– Можност за најавување со вашиот Facebook профил – Новата јавна бета верзија овозможува најава со вашиот Facebook профил, со цел полесно да се логирате на MarkO и да го избегнете делот со креирање на нов профил.
– Нова функционалност – временски потсетници – Со оваа нова функционалност, MarkO нема никогаш да ви дозволи да заборавите на вашите дневни обврски. Сега можете да го поставите точното време кога ќе сакате да бидете потсетени. Исто така, сега ќе можете да поставувате два различни типа на потсетници за секоја задача: локациски базирани потсетници и временски базирани потсетници. Доколку имате поставено временски базиран потсетник, во картичката на вашата задача ќе ви се појави икона со часовник. Иконата има три бои (црвена, жолта и зелена), во зависност од тоа колку време ви преостанува за да ја комплетирате задачата.
– Шпанска и Турска локализација.
Со јавната бета верзија, MarkO е достапен за сите кои се заинтересирани да бидат меѓу првите што ќе ги дознаат неговите нови функционалности и ќе бидат дел од неговата банда. Доколку сте заинтересирани за волонтирање и тестирање на апликацијата, истото можете да го направите на следниов линк www.marko.rocks/get-beta.