Марко Марковиќ е Microsoft Office Specialist на Македонија

75

VIK_6458_compressed

Марко Марковиќ, за 18 минути и 25 секунди освои 1.000 поени, полагајќи PowerPoint 2013 тест. Во натпреварот Марко се вклучи пред еден месец кога прв пат го положи тестот и се квалификува за финалето.

Тој во август ќе ја претставува Македонија на светскиот натпревар за Microsoft Office Specialist. Марко е ученик во гимназијата Раде Јовчевски Корчагин, Скопје во втора година со интерес да избере природно математичка насока наредната година.

Негов ментор е професорот по информатичка технологија и програмски јазици Жаклина Прекиќ, која заедно со уште двајца професори од гимназијата подготвиле 80 ученици за тестирањето, од кои во финалето беа квалификувани 10-тина.

Марко накратко изјави дека е многу возбуден што ја освои титулата и се надева дека успешно ќе ја претставува Македонија на светското финале во Америка. Најголема благодарност Марко изразува за менторот и за семејството со чија поддршка стигна до финалето.

Првиот Национален натпревар воопшто не би бил реализиран без поддршката од страна на Microsoft Македонија, Стопанска Банка АД – Скопје, Здружение на информатичарите на Македонија, Град Скопје, Општина Струмица и Семос Едукација.