Африканскиот континент стана дом на третиот најдолг мост во светот, Mohammed VI, којшто е наречен според кралот на Мароко. Светлосниот мост се протега над реката Бу Регрег и ги поврзува главниот град на Мароко, Рабат, со градот Сале, пишува GCR.
Неодамна завршениот проект е долг 950 метри, има шест ленти, две кули високи 200 метри и вкупно 160 кабли за да се обезбеди дополнителна цврстина. Целиот мост е прекриен со LED светилки коишто се 75% повеќе енергетски ефикасни отколку обичните сијалици. Проектот е финансиран од Европската инвестициска банка и Националната компанија за патишта од Мароко, а за да се изгради беа потребни пет години.
LED осветлувањето што го обезбеди Philips ќе емитува до 16 милиони бои. Новоизградениот мост Mohammed VI, којшто е најдолг во Африка, е веднаш зад мостот Russky во Русија, долг 1.104 метри и Sutong во Кина чија должина изнесува 1.088 метри.