Мароко забрани употреба на најлонски кеси

45

_85732417_005219719-1Мароко донесе закон со којшто официјално се забранува увоз, продажба, дистрибуција и производство на најлонски (пластични) кеси. Земјата е втора по користење на ваквиот тип на кеси, веднаш по САД, пишува EcoWatch.

Според тамошното министерство за индустрија, Мароко годишно користи околу 3 милијарди најлонски кеси, додека оваа бројка во САД изнесува 100 милијарди. За прв пат забрана за користење на најлонските кеси беше донесена во 2009 година, но и покрај тоа тие продолжија да се произведуваат.

Мароко е рангирана како една од најзелените земји во светот, заедно со Костарика, Бутан и Етиопија. Најголемите достигнувања на земјата на ова поле се намалување на штетните емисии на гасови и производството на струја од сончева енергија. Мароко е лидер во еко – свесноста помеѓу земјите во развој.