Управата на американскиот Marriott извести дека овој ланец хотели се здружува со шведскиот произведувач на мебел Икеа, со кој во Германија и уште неколку европски земји ќе отвори ланец нискобуџетни хотели под името Moxy.
Во следните 10 години треба да се отворат 150 вакви хотели и тоа во Австрија, Велика Британија, Финска, Ирска, Италија, Холандија, Норвешка и Шведска. Првиот хотел Moxy ќе се отвори на почетокот на следната година во Милано.
Таргет група на новиот ланец хотели се помлади клиенти, кои сакаат да патуваат и водат сметка за цената на сместувањето.