Marriott по 30 години се повлекува од Грција

29

ledraАмериканскиот хотелски гигант Marriott International ќе се повлече од Атина по 30 години работење.

“Имавме договор на 30 години кој истекува на 31 декември. По разговорите, двете страни се согласивме да не го продолжуваме”, изјави за АФП Андреас Мелетиу, претставник на хотелот во Атина.

Атинскиот хотел Ledra Marriott повеќе нема да функционира под ова име и по 31 декември нема веќе да прима резервации. Сопствениците на хотелот ќе бараат нов партнер, а во меѓувреме хотелот ќе продолжи да работи под името на матичната компанија ASTY S.A.

Последните шест години откако е во рецесија, Грција се мачи да привлече и да ги задржи инвеститорите. Последните месеци, неколку компании решија грчкиот пазар да го заменат со некој друг. Чекори за нашуштање на овој пазар веќе презедоа француските Carrefour и банките Credit Agricole и Societe Generale. Минатата година своето седиште во Швајцарија го премести Coca-Cola Hellenic (CCHBC), а најголемиот грчки млечен преработувач и извозник, Fage, се пресели во Луксембург.

Минатата недела, пак, во Сараево е потпишан договор за изградба на хотел Residence Inn by Marriott. Целокупната вредност на оваа инвестиција е осум милиони евра. Завршувањето на изградбата е планирано до крајот на 2014 година.

Marriott International е водечка хотелиерска компанија со повеќе од 3.800 објекти во 74 држави ширум светот и 18 хотелски брендови.