Порталот Mashable излезе со податоци дека во 2012 електронска пошта користеле 2,2 милијарди луѓе, во виртуелниот простор имало 634 милиони веб сајтови и биле регистрирани 246 милиони домени.
Информациите велат дека најкористен е-маил сервис бил Google, со 425 милиони корисници и дека на итнернет годишно се поставуваат околу 51 милиони нови сајтови.
Лани биле регистрирани 2,4 милијарди интернет корисници ширум светот и 1.200 милијарди пребарувања на Google. Во однос на социјалните мрежи, во 2012 биле регистрирани 2,7 милијарди лајкови на Facebook, објавени 175 милиони твитови на twitter, додека опцијаtа Google + 1 била користена дури пет милијарди пати.
До крајот на минатата година во употреба биле 1,3 милијарди смарт телефони, месечно се прегледувале по четири милијарди часови видео содржини на каналот Youtube, а биле прегледани и седум петабајти (7.000 терабајти) фотографии на Facebook.