Фото: магазин Evolo
Полските дизајнери Павел Липински и Матеус Франковски создадоа облакодер, чија главна цел ќе биде борба против сиромаштијата во светот и ќе претставува своевидна “зелена револуција“ особено во африканските земји.
Станува збор за модуларниот облакодер што го носи името Mashambas, којшто ќе биде своевиден едукативен центар за одгледување различни култури, пазар за нивна продажба и обука за усовршување различни земјоделски техники.
“Главната цел на проектот е да донесе ‘зелена револуција’ кај најсиромашните луѓе. Обучување, обезбедување ѓубриво и семиња на малите земјоделци ќе им даде можност да произведуваат исто како што би се произведувало и на модерните фарми“, велат дизајнерите на овој проект.
Научниците предупредуваат дека зголемувањето на светската популација ќе донесе потреба за повеќе храна, а од друга страна има сè помалку плодна почва и обработливи површини.