Машка vs женска плата

23

Во текот на минатата година, бруто саатниците на жените во просек биле 14,1% пониски од оние на мажите во рамки на Европската унија, покажуваат податоците на Eurostat.

Разликата варира меѓу земјите членки на Унијата, а највисока е во Естонија (21,7%), Латвија (21,2%), Австрија (19,9%) и Германија (19,2%).

Од друга страна, најмала разлика меѓу заработката на мажите и жените има во Луксембург (1,3%), а потоа следат Романија (3,3%), Италија (4,7%) и Белгија (5,8%).

Од земјите во регионот што се членки во Унијата, најголема разлика меѓу машка и женска плата има во Бугарија (14,1%), а потоа следат Хрватска (11,5%) и Словенија (7,9%).

Фото: Pexels