Маск: Ако не го купам Твитер за 43 милијарди долари, имам план „Б“

78

Извршниот директор на Tesla, милијардерот Илон Маск, синоќа на конференцијата TED2022 во Ванкувер призна дека „не е сигурен“ дали навистина ќе може да купи 100 отсто од акциите на Twitter, откако во поднесок до регулаторите откри дека понудил цена од 54,20 долари по акција, или околу 43 милијарди долари.

Твитер потврди дека добил понуда која Управниот одбор допрва треба да ја разгледа, при што понудената цена по акција е многу пониска од 70-те долари што ги достигнаа минатото лето, пишува CNBC.

Во писмото испратено до извршниот директор на Твитер, Парагу Агравал, Маск наведува дека цената од 54,20 долари по акција е неговата „најдобра и последна“ понуда.

Запрашан од учесник на конференцијата ТЕД дали постои „план Б“ доколку неговата моментална понуда биде одбиена, Маск рече: „Постои“, но одби да даде детали.

И покрај огромното богатство, голем дел од средствата на Маск не се ликвидни, па некои аналитичари се прашуваат како тој ќе ги обезбеди средствата ако неговата понуда биде прифатена, забележува CNBC, додавајќи дека аналитичарите во Велс Фарго, на пример, се на мислење дека тој можеби мора да продава акции Тесла за да го финансира ова преземање.