Маск бара 10.000 работници, а диплома не е потребна

118

Американскиот претприемач и сопственик на Tesla i Space X, Илон Маск сподели оглас за работа на својот профил на Тwitter.

Имено, сопственикот на Tesla сподели твит од Tesla Owners Austin со образложение дека за гига фабрика во Тексас им требаат дури 10.000 работници, а тој ги наведе и посебните придобивки што ги очекуваат вработените.

“Пет минути до аеродромот, 15 минути до центарот на градот, веднаш на реката Колорадо“, напиша Маск.
Компанијата наведува дека универзитетската диплома не е услов за вработување, иако Теsla има добра соработка со бројни универзитети, но дека луѓето можат да доаѓаат “директно од средно училиште“.