Маск ги опомена Германците

296

Извршниот директор на Тesla, Илон Маск, ги извести германските власти дека е важно да се запазат роковите за изградба на нејзината европска фабрика во Бранденбург, изјави министерот за економија на Бранденбург, Јерг Штајнбах.

Маск напомена дека Тeslа ќе ја интензивира комуникацијата со надлежните органи во близина на Грунхајд, како и дека ќе ги вклучи локалните граѓани во преговорите, изјави Штајнбах за Ројтерс, по средбата со шефот на Теsla во Германија.

Теsla го одложи планираното отворање фабрика, во вредност од 5,8 милијарди евра (6,8 милијарди долари) во близина на Берлин, за крајот на 2021 година, за што ги обвини германските бирократски бариери.

Фото: Twitter