Маск ги повика работниците од Словенија да работат во германската фабрика

173

Директорот на Тесла, Илон Маск, ги покани работниците од Словенија да дојдат и да работат во германската фабрика, која ќе се отвори наскоро.

По повод почетокот на производството на автомобилите на Тесла во новата фабрика во Берлин, извршниот директор на Тесла организираше забава.

“Планираме да започнеме со производство за неколку месеци и се надевам дека првите автомобили ќе ги испорачаме во декември“, рече Маск на отворањето. Фабриката е изградена за помалку од две години, а Маск ги повикува Словенците од различни области да соработуваат, пишува љубљанскиот весник Дело.

Директорот на Тесла се надева дека на оваа локација ќе се произведуваат до половина милион електрични возила годишно.