Маск го исклучува телефонскиот број: „Ќе користам само X“

12

Шефот на Твитер (Х) Елон Маск објави на социјалната мрежа дека наскоро ќе ја користи само таа платформа за пораки и повици.

„За неколку месеци ќе го исклучам мојот телефонски број и ќе го користам само X за пораки и аудио/видео повици“, напиша Маск.

Ова не е првпат да се зборува за ваква функција – на крајот на јануари специјализирани веб-страници напишаа дека ќе биде достапна за сите на Android по ажурирањето на апликацијата.

Уште минатото лето, Линда Јакарино, извршниот директор на компанијата, за првпат проговори за оваа опција.

Само корисниците кои имаат претплата на оваа социјална мрежа ќе можат да ги повикуваат другите, додека сите ќе можат да примаат повици.