Маск: Го напуштам Твитер штом најдам некој доволно глупав да ја преземе работата

Илон Маск рече дека ќе се повлече од функцијата шеф на Твитер „штом најде некој доволно глупав да ја преземе работата“. Тој додаде дека после тоа само ќе се погрижи за софтверот и серверските тимови.

Одговорот на Маск доаѓа по анкетата во која тој ги праша корисниците на социјалната мрежа дали сакаат тој да се повлече. Корисниците одлучија, 57,5 ​​отсто од нив гласаа за заминување на Маск, а тој најави дека ќе постапи според резултатите од анкетата. Во истражувањето учествувале 17.502.391 корисници.

Само дваесет минути откако ја објави анкетата, која покажа дека „да“ за неговото заминување е далеку попопуларно, Маск на Твитер напиша: „Внимавајте што посакувате, може да се оствари“.

Како одговор на еден коментар, Маск напиша: „Прашањето не е да се најде извршен директор, туку извршен директор кој може да го одржи Твитер жив.

Никој не сака работа што всушност може да го одржи Твитер жив. Нема наследник“.