Маск го објави дизајнот на новата гигафабрика во Берлин

180

Илон Маск го претстави дизајнот на најновата гигафабрика на компанијата Tesla што треба да се гради во Берлин. Маск го најави планот за изградба на гигафабриката уште во ноември 2019.

Фабриката ќе биде првата за комплетно производство на автомобили Tesla во Европа. Во меѓувреме, плановите беа повремено стопирани поради протести на локалните жители и активистите против сечењето на шумата на локацијата на која ќе се гради фабриката, по што следуваше пандемијата на коронавирусот.

Неодамна компанијата Tesla направи промени на своите планови и продолжи со изградбата на фабриката. Сепак, компанијата досега не го објави дизајнот на фабриката. Маск го стори тоа неделава.

Фото: Twitter