Маск го предизвика извршниот директор на Твитер на јавна дебата

82

Извршниот директор на SpaceX и Tesla, Илон Маск, го предизвика извршниот директор на Twitter, Параг Агравал на „јавна дебата“ за проблемот со Твитер ботoвите.

Прашањето за бројот на ботови на Твитер беше камен-темелник на понудата на Маск од 44 милијарди долари за купување на компанијата која беше повлечена, што резултираше со тужби од двете страни. Сега извршниот директор на Tesla и SpaceX му постави предизвик на Агравал на Твитер.

Ако Твитер може да го докаже својот метод за потврдување на проценката дека помалку од 5% од дневните активни сметки на Твитер се лажни или спам, Маск вели дека договорот ќе продолжи според планираното. Меѓутоа, ако Твитер го објави својот метод и се покаже дека е неточен, договорот ќе се распадне и најверојатно ќе оди на суд.