Маск го предизвика Путин на тепачка

81

Основачот на Tesla и SpaceX, Илон Маск го предизвика рускиот претседател Владимир Путин на Twitter во борба еден на еден – победник ја добива Украина.

„Го предизвикувам Владимир Путин на борба еден на еден“, напиша милијардерот, користејќи руско писмо за да го напише името на Путин.

„Влогот е Украина“, продолжи тој, пишувајќи го името на земјата на украински.

Во следниот твит, Маск потоа ја објави целата порака на руски.

„Дали се согласувате со оваа борба“, напиша тој, „тагирајќи“ го официјалниот профил на Кремљ на англиски јазик на Twitter.

Маск презеде активна улога во тековната војна меѓу Украина и Русија, како на неговиот Twitter профил, така и преку неговите компании.

На социјалните мрежи ги исмеваше руските функционери, а неодамна ги активираше терминалите на Starlink во Украина.