Маск го закажа дебито на својот прв пикап модел

50

Главниот извршен директор на Tesla, Илон Маск го откри датумот за кој е закажана премиерата на првиот пикап модел на производителот на е-возила.

Tesla ќе го претстави новиот пикап модел на 21 ноември во Лос Анџелес, во близина на фабриката на другата компанија на Маск, Space Exploration Technologies, каде тој гради ракети, објави неговиот твит во средата.

Во продолжение, тој рече дека датумот е “чудно познат“ и сподели врска со почетната сцена на филмот Blade Runner од 1982 година, кој беше поставен во ноември 2019 година.

“Мислам дека Tesla Cybertruck е наш најдобар производ досега“, рече Маск.

Преземено од Avtoplus.mk