Маск им порача на вработените во Твитер – или зголемен ангажман или отпремнина

53

Американскиот милијардер Илон Маск испрати нова порака до персоналот на Твитер во која им даде рок до утре да одлучат дали сакаат да останат во компанијата со „продолжено работно време и висок интензитет на работа“ или да земат отпремнина во износ од три месеци.

Маск рече дека  доколку до четврток навечер по њујоршко време вработенит не кликнал на врската што потврдува дека „сакаат да бидат дел од новиот Твитер“ ќе смета дека два отказ, пишува Ројтерс.

Твитер отпушти повеќе од половина од својата работна сила на почетокот на овој месец, веднаш откако Маск ја презеде контролата врз компанијата. Маск ја критикуваше потрошувачката и работната култура на Твитер, велејќи дека на компанијата и треба големо намалување на трошоците и рестартирање на своите услуги.