Маск кажа за кој ќе гласа на избори и изгуби 12 милијарди долари за 24 часа

119

Илон Маск, извршниот директор на Tesla, на Твитер објави дека на следните избори за претседател на САД ќе гласа за републиканскиот кандидат.

„Порано гласав за демократите затоа што беа љубезни. Но, тие станаа партија на поделби и омраза, па не можам повеќе да ги поддржувам, ќе гласам за републиканците“, напиша Маск.

Оваа изјава скапо го чинеше, бидејќи Маск загуби 12 милијарди долари за 24 часа.

Севкупно, Маск изгуби 49 милијарди долари откако ја претстави својата понуда за Твитер минатиот месец, делумно поради падот на поширокиот пазар, но и поради тоа што некои инвеститори на Тесла станаа загрижени за тоа како ќе ја финансираат својата понуда за гигантот на социјалните мрежи.

Маск (50) и натаму останува најбогатата личност на светот, со богатство вредно 209,9 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг.