Маск ќе биде “технолошки крал“ на Tesla

113

Илон Маск повеќе не е извршен директор на американскиот производител на електрични автомобили, Тesla, туку сега е нејзин технолошки крал, според соопштението испратено до американската Комисија за хартии од вредност.

Исто така, главниот финансиски директор на Tesla, Зак Киркорн, станува “господар на парите“.

На крајот на соопштението сепак се наведува дека Илoн и Зак остануваат на позициите главен извршен и главен финансиски директор.

Маск пред некое време го изгуби статусот најбогат човек на планетата, по падот на цените на акциите на Tesla. Компанијата минатата година имала раст на акциите за над 600%, а според експертите, тоа е визијата на Маск за доминација на возилата со нулта емисија на штетни гасови низ светот.

Во јануари и февруари оваа година има пад на акциите на Tesla од 14%, а кон падот придонесе и пожар во фабриката во Фримонт, како и извештајот за 450 случаи на позитивни работници на коронавирусот во текот на декември 2020 година.

Маск има репутација на корпоративен шегаџија кој често ги поместува границите и традиционалниот имиџ на извршен директор на некоја компанија.

Фото: Twitter