Маск ќе го враќа Трамп на Твитер

37

Илон Маск, новиот сопственик на Твитер, објави ќе ја укине суспензијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Трајните забрани треба да бидат ретки и тоа за ботови или измами, спам профили… Мислам дека не беше правилно да се забрани Доналд Трамп“, рече Маск на конференцијата „Future of the Car“ на „FT Live“.

„Мислам дека тоа беше грешка, бидејќи отуѓи голем дел од земјата и на крајот не резултираше со тоа што Доналд Трамп нема глас“, изјавил Маск, пренесува „CNBC“.

„Би ја укинал трајната забрана“, додал тој.

Твитер трајно го суспендираше Трамп од платформата во 2021 година по нападот на неговите поддржувачи на американскиот Капитол. Компанијата соопшти дека ја донела одлуката по немирите на 6 јануари „поради ризикот од дополнително поттикнување насилство“. Во тоа време, Трамп имаше повеќе од 80 милиони следбеници на платформата.

Кон крајот на април, Трамп рече дека нема намера да се врати на Твитер дури и ако неговиот профил биде деблокиран откако милијардерот Илон Маск ја купи социјалната мрежа.

Трамп тогаш рече дека ќе се приклучи на неговата платформа „Truth“, како што беше планирано.

„Не одам на Твитер. Ќе останам верен. Се надевам дека Илон ќе го купи Твитер бидејќи сака да го подобри и тој е добар човек, но јас останувам верен“, рече Трамп.